Нови детали од Прилеп: Три лица се мртви, убиецот на Фејсбук „најавил“ дека нешто ќе прави!

Три лица се мртви, меѓу кои и малолетно дете.

Како што објави Инфомакс, убиецот, кој е вујко на убиениот возрасен човек се самоубил по настанот, а дека планира да направи нешто објавил и на Фејсбук.

Ова се информациите кои Инфомакс ги дознава од местото на настанот во Прилеп, а од Министерството за внатрешни работи се уште нема официјална потврда.

Настанот започнал околу 15 часот, а припадници на специјалните единици пристигнале на местото на настанот околу полноќ.

Полицијата пробала да влезе во просторот каде се држени заложниците, но напаѓачот бил тешко наоружан, пукал кон полицијата и држел бомба.

Извор: Инфомакс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде