Семејни недоразбирања и нерасчистени имотни односи е причината за семејната трагедија во Прилеп, во која беа убиени 11-годишно дете и неговиот татко (43) од нивниот 63-годишен дедо и вујко, потврди Обвинителството.
Убиецот, кој потоа сам си пресуди, претходно во текот на денот на Фејсбук се заканил.
Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања.
По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и на една социјална мрежа, а потоа се самоубил. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, како и за прибирање на сите траги, оружје и муниција пронајдени на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, соопшти ЈОРМ.
Засега нема потврда дека во акцијата на полицијата бил повреден полициски службеник, ниту дека човекот кој пукаше е поранешен полицаец.
Потврдено е дека додека траела заложничката драма, се заканувал дека ќе активира експлозивна направа.
