Познатиот македонски бодибилдер Тоше Зафиров во обраќње на Фејсбук порача дека ако нешто не се преземе ќе се случи егзодус во нашата држава.
Зафиров ги спомена последните неколку трагедии, вчерашната трагедија во Прилеп, неколку сообраќајни незгоди и секако Кочани, па праша дали министерот Тошковски кој неодамна беше во Дубаи не научил нешто од тамошните власти?
– Таму законот е за сите ист, има луѓе возат Бугати и ако пишува 60, ќе вози 60. Исто се казнува за прекршок и ако возиш Бугати и ако возиш Рено.
Тоа може и кај нас да се направи ако се сака, вели Зафиров кој како пример го даде австрискиот Грац каде за една година има НУЛА загинати во сообраќајки, додека во Македонија бројките се драстично поголеми.
Зафиров за неодамнешното насилство врз Арсовска истакна дека независно од тоа дали некој е од некаква партија, или не е, секоја жена мора да се чувствува безбедно и заштитено, а одобрување на такво насилство е навреда за секоја жена.
За крај Зафиров порача дека доколку нешто не се смени во Македонија ќе се случи егзодус.
– Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек. Овде ќе останете само вие политичарите, ние ќе си одиме ако нешто не се смени, порача Зафиров.
