Тешка несреќа, три лица пренесени во болница

Тешка несреќа, три лица пренесени во болница

На 13.07.2025 во 23.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на влезот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје,

патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.В.(24) од Скопје, удрило во паркирани патнички возила „рено“ и „сеат“ со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот на возилото „шевролет“, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, како и двајцата возачи на паркираните возила И.А.(52) и Д.Н.(49), двајцата од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде