Вечерва изби голем шумски пожар

Вечерва, нешто по 21.30 часот изби шумски пожар над Битола, лоциран во атарот на селата Лавци и Смолево.

Командирот на Територијалната против пожарна единица-Битола,

Христијан Тодоровски истакна дека екипи на ТППЕ-Битола се на терен за да го изгаснат или локализираат пожарот.

-Веднаш по дојавата за шумски пожар, на терен испративме три екипи.

Теренот е непристапен, но ќе дадеме се од себе за пожарот да биде изгаснат или локализиран, изјави, командирот Тодоровски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде