Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец.
Максималните дневни температури ќе се движат од 27 до 39 степени Целзиусови.
Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и максимална дневна температура до 37 степени Целзиусови.
Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утре времето ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност и дневни температури до 35 Целзиусови степени. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
