Трагедија го потресе светот: 50 лица загинаа во голем пожар во хипермаркет

50 лица загинаа во голем пожар во хипермаркет во градот Ал-Кут во источен Ирак, објави државната новинска агенција ИНА, повикувајќи се на гувернерот на покраината.

што кружат на социјалните мрежи покажуваат пламен како ја зафаќа петкатна зграда во Ал-Кут преку ноќ, додека пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди видеата.

Причината за пожарот сè уште не е позната, но гувернерот најави дека првичните резултати од истрагата ќе бидат објавени во рок од 48 часа, објави ИНА.

„Покренавме тужби против сопствениците на зградата и трговскиот центар“, го цитираше ИНА гувернерот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде