„Срцето ни се кине додека гледаме како времето бега, а Стефанија се уште чека помош“ АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА МАЛАТА СТЕФАНИЈА

Од срцето на мама и тато: Да и помогнеме на Стефанија да зачекори!!

Ние сме мајка и татко на нашата Стефанија. Таа има 15 години. И секој нејзин ден е борба – борба за чекор, за стабилност, за малку детска слобода… за живот без болка.Стефанија се роди со тешка дијагноза. Од првиот нејзин здив, таа не знае што значи лесно движење. Нозете и половината и се слаби, секој чекор и е мака. Помина низ неколку операции, гледавме како лежи, трпи, се мачи… а ние, не можеме да направиме многу, освен да ја држиме за рака.

Живееме скромно. Јас сум инвалид. Сопругата и јас правиме се што можеме, но тоа се почесто не е доволно.Сега, по консултација со лекари, добивме мала искра на надеж: во болницата Неуромедик во Ниш и нудат специјализиран третман кој може значително да и го подобри движењето. Терапија што може да и го смени животот. Но, цената е недостижна за нас.

Со треперливо срце и со многу болка, ви се обраќаме – како родители, како луѓе, како мајка и татко кои секој ден ја гледаат својата ќерка како се мачи да зачекори.Ве молиме, помогнете ни.

🙏Помогнете и на Стефанија.Секоја донација е глас на надеж.
Секоја споделена приказна е чекор поблиску до нејзиното подобро утре🙏

За донација кликнете на следниот ЛИНК

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде