Тешка сообраќајна несреќа, малолетник итно пренесен во болница

Вчера околу 19.20 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосницата од ул.„Перо Шварц“ и ул.„Миле Кипра“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки,

управувано од 25-годишната С.М. од с.Облавце, општина Старо Нагоричане и мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде