ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатата македонска професорка

Тажна вест споделија од Факултет за информатички и комуникациски технологии-Битола.

„Со длабока тага ве известуваме дека на 17.7.2025 година почина д-р Рамона Маркоска, редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии-Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола.

Д-р Рамона Маркоска академската кариера на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ја започна на Техничкиот факултет-Битола во 2008 година,

а во 2014 година продолжи со работа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии-Битола.

Со нејзината смрт академската заедница на ФИКТ и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола загуби драга и почитувана колешка, истакнат и посветен наставник и истражувач од областите на програмските јазици и технологии, семантичките веб технологии, моделирањето на е-бизнис процесите и менаџментот на информатичките и комуникациските технологии.

Меѓу колегите и студентите ќе остане запаметена по нејзината стручност и посветеност во изведувањето на наставно-научната дејност“, пишува во објавата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде