Голем пожар во стан, седум лица се повредени

Седум лица вдишиле чад при пожар што избувнал вчера попладне околу 16.30 часот на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје, а истиот бил изгаснат од противпожарните служби на град Скопје.

На повредените лица им е пружена медицинска помош, потврди за МИА Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

Пожарникарите интервенирале со две возила во гаснењето на пожарот што избувнал во стан на втори кат во зграда на ул. „Кочо Рацин“, а поради зафатениот голем простор вкучено е дополнително потивпожарно возило.

Има повредени седум лица, со вдишување чад, веднаш се повикани медицински екипи и пружена им е помаш. Пожарот за кратко време бил локализран и целосно изгаснат, изјави Томевски.

Екипите на МВР работат на утврдување на причините за пожарот. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде