Пороен дожд и грмежи: УХМР најави невреме во Македонија – ЕВЕ КОГА

Времето утре ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер.

Максималните температури ќе се движат меѓу 29 и 37 степени.

Во попладневните часови се очекува локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Скопје времето ќе биде слично – сончево и топло, со мала до умерена облачност и северен ветер.

Под влијание на топла воздушна маса од југ, новата работна седмица ќе донесе стабилно, многу топло време. Температурите ќе надминат 35°C, а на одделни места ќе достигнат и до 40°C.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде