СВР Скопје вечерва спроведува голема акција низ централното градско подрачје.
Целта се возачи на мотори и веспи кои не ги почитуваат собраќајните прописи.
Во полициската станица Беко има приведени повеќе лица и одземени мотори.
Дел од приведените се малолетници и за нив се повикани родителите во станица.
Контролите не запираат тука – акциите продолжуваат и во наредните денови.
Полицијата апелира до сите граѓани да ги почитуваат правилата во сообраќајот за да се избегнат несреќи и санкции. Скопје е под лупа – нема оправдување за прекршувачите!
