Трагедија: Едно лице загина во страотна сообраќајна несреќа

Трагедија: Едно лице загина во страотна сообраќајна несреќа

Денеска (20.07.) околу 02.10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Табановце-Куманово, В.С.(34) од с.Лопате, кумановско управувајќи моторцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот.

Во несреќата од здобиените повреди В.С. починал на самото место на настанот, а смртта е констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција.

Увид е извршен страна на увидна екипа од СВР Куманово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде