Уште една трагедија во Охрид: Пронајдено безживотно тело во близина на плажа

Доцна попладнево, на пешачката патека меѓу хотелот „Инекс“ и излезот кон плажата во Охрид, е пронајдено безживотно тело на маж.

Според првичните и неофицијални информации, лицето е идентификувано и се работи за маж кој, наводно, имал здравствени проблеми.

Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар.

Локацијата на која е пронајдено телото се наоѓа во непосредна близина на претседателската вила.

Местото е обезбедено, а полициски екипи вршат увид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде