УХМР утрово со најнова вест: Еве какво време ќе имаме во текот на неделава

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 40 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во текот на неделава времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени, а наместа и 40 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде