Нема да ви се верува: Погледнете колку изнесува просечната плата во Македонија

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2025 година изнесува 68 859 денари, извести ДЗС.

Во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 11.0 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24.2 %, Образование за 14.6 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 14.5 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.9 %, Рударство и вадење на камен за 5.2 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.0 %.

Бруто-платата во мај 2025 година изнесува 68 859 денари. Во мај 2025 година во однос на мај 2024 година е повисока за 11.0 %

Во мај 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45 796 денари. Во мај 2025 година во однос на мај 2024 година е повисока за 11.0 %

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде