Колегите од естрадата во шок и неверување: Никола почина на 33-годишна возраст

По долго боледување, на 33-годишна возраст почина Никола Шабат.

Познатиот хармоникаш од Панчево седум години водеше битка со сарком на меките ткива, а колегите во неколку наврати собираа помош за негово лекување.

Тажната вест на социјалните мрежи ја споделија неговите пријатели.

Никола храбро се бореше со години и никогаш не побара помош од другите.

Тој беше одличен хармоникаш и омилен колега меѓу музичарите“, напишаа тие.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде