„Многу се тресеше“: Земјотрес го стресе познатото туристичко место во Грција

„Многу се тресеше“: Земјотрес го стресе познатото туристичко место во Грција

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 25 јули 2025 година, во 7:31 часот наутро во Грција.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Лефкада.

„Столот се тресеше многу“, „Беше краток, но силен“, се само дел од коментарите на луѓето кои го почувствувале земјотресот.

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде