Апсење на скопскиот аеродром – осум лица лишени од слобода
На 24.07.2025 во 18.19 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ги лишија од слобода Ј.А.(36), Д.Ј.Е.(27), Д.С.(36), Д.Х.А(44), Д.Б.(37), Д.Х.(40), Д.А.(66) и Д.М.(62),
сите од Република Турција, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со
меѓусебна физичка пресметка поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, информира МВР.
