Страшна несреќа со четирицикл: 28-годишник и две ипол годишно дете итно пренесени во болница

Две ипол годишно дете кое се превезувало на четирицикл е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Зелениково-с.Страхојадица.

Во несреќата учествувале патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од с.Дејковец,

скопско и четирицикл управуван од С.М.(28) од с.Стахојадица, општина Зелениково.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на четирициклот и две ипол годишно дете, сопатник на четирициклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде