Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 43 степени.
Во недела и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање.
