НАЈНОВА ВЕСТ: Се бараат мајка и син – Исчезнале пред седум дена

Полицијата во Прилеп интензивно трага по 36-годишната Л.И. и нејзиниот 17-годишен син, кои исчезнале на 18 јули.

Пријавата за нивното исчезнување е поднесена вчера, на 25 јули во 08:20 часот во ОВР Прилеп.

Случајот го пријавил сопругот на Л.И., С.Ќ. (48) од Прилеп, кој изјавил дека неговата сопруга и син се оддалечиле од семејниот дом и дека жената имала здравствени проблеми.

Оттогаш немаат никаков контакт со нив.

Полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање и целосно расветлување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде