Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека за укажување на лекарска помош бил донесен Р.Ѓ.(72) од село Воиславци,
радовишко, кој се здобил со повреди при пад од трактор на место викано „Стопанството“, во атар на село Воиславци, радовишко .
Тој бил пренесен во Медицински центар Штип, каде починал.
Извршен е увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, трудов инспектор и екипа на ОВР Радовиш,
при што било утврдено дека Р.Ѓ. превезувајќи се на трактор управуван од Р.П.(58) од село Раклиш, радовишко, додека седел на десната страна во кабината, паднал од тракторот, по што бил прегазен со задната десна гума на тракторот, соопштија од полицијата.
По наредба на јавен обвинител, возачот на тракторот Р.П. е лишен од слобода, а телото на починатиот е дадено на обдукција.
