ТРАГЕДИЈА: 36-годишно момче пронајдено мртво – телото дадено на обдукција
На 26.07.2025 во 09.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Моински Пат“ во Гевгелија бил пронајден починат В.С.(36) од Гевгелија.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија,
по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
