Трагедија вечерва го потресе светот: Во страотна несреќа загинаа најмалку четири лица, 34 се повредени

Најмалку четири лица загинаа, а 34 се повредени, од кои тројца потешко, во железничка несреќа што се случи денес во германската покраина Баден-Виртемберг, соопшти германската полиција.

Несреќата се случи околу 18:10 часот во близина на градот Ридлинген во округот Биберах, кога регионален патнички воз управуван од „Дојче Бан“ излетал од шините, според германскиот весник „Билд“.

Според полицијата, два вагона целосно излетале од шините, а во моментот на несреќата имало околу 100 патници.

Точниот број на загинати и сериозноста на повредите сè уште се утврдува, соопшти полицијата во Штутгарт.

Пожарникарите и спасувачите во моментов ги пребаруваат вагоните за патници, а шест хеликоптери за спасување се на местото на настанот кои ги транспортираат повредените во медицинските центри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде