Се уште се бара 16-годишното девојче од селото Уланици, Градско, кое беше одвлечено додека се капело во водите на Вардар.
Девојчето влегло во водата заедно со 29-годишна девојка од истото село, којашто успеала да се спаси. На малолетното девојче му се изгубило секаква трага
Од полицијата велат дека случајот бил пријавен на 24.07 околу 16.30 часот.
Според пријавата, К.П.(29) од Скопје, со привремен престој во селото Уланци, општина Градско и 16-годишно девојче од истото село, се капеле во водите на реката Вардар во близина на Уланци. Малолетничката била одвлечена по течението на реката. К.П. неколку пати се обидела да ја извлече, но не успеала.
На социјалните мрежи се шири апел за помош за потрага по Теодора Бабарчиќ.
