АМСМ известува:
Магистрален пат Куманово – Крива Паланка, кај ресторан „Фемили“ од 13:00 часот е во прекин поради сообраќајна незгода, стои во соопштението на АМСМ.
Сообраќајот на регионалниот пат Струмица – ГП Ново село е затворен за товарни возила, а за другите возила се пронасочува.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
