Две млади лица повредени во сообраќајка во скопско.
Вчера околу 00.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„500“ во село Марино, општина Илинден,
патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.В.(20) с.Дељадровци, општина Илинден, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ф.А.(23), додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
