Се случи она од што најмногу се стравуваше: Пронајдено е телото на 16 годишната Теодора

Пронајдено е телото на 16 годишната Теодора која потона во Вардар

По шест дена потрага, денеска околу пладне во водите на Вардар е пронајдено телото на 16 годишната Теодора Б.

Од МВР потврдуваат дека околу 12:10 часот во Вардар во близина на Старо Градско пронајдено е телото на малолетничката.

-Пронајдено е телото на 16-годишното девојче кое на 24.07.2025 исчезна во рекатата Вардар во атар на село во општина Градско.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, потврдуваат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде