Од 22:10 часот вечерва, сообраќајот на регионалниот пат Струмица–Берово е во целосен
прекин кај таканаречената Сарајска раскрсница, поради сообраќајна несреќа, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Надлежните служби се на терен и работат на расчистување, а повеќе детали за инцидентот засега не се објавени.
Возачите се повикуваат на внимателност и да користат алтернативни правци додека трае интервенцијата, велат од АМСМ.
