Тешка сообраќајна несреќа – повредени пет лица меѓу кои и 5-годишно дете

Тешка сообраќајна несреќа – повредени пет лица меѓу кои и 5-годишно дете

Синоќа во 21:50 часот на регионален пат Струмица – Берово, во правец од Дабиље кон Петралинци, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд“ со струмички регистарски ознаки,

управувано од З.А.(32) од село Хамзали, струмичко и патничко возило „Цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.С.(49) од село Свидовица, струмичко, информираат од СВР Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди со здобиле возачот З.А. и сопатниците од патничкото возило „Цитроен“ Ш.А.(75) и Д.А.(72), двајцата од село Петралинци, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.С. и петгодишно дете, сопатник од патничкото возило „Форд“, констатирани во струмичката болница.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде