Овие граѓани денес да си ги проверат сметките – парите се исплатени

Комерцијална банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионерите дека исплатата на пензиите за месец јули започнува од денес (петок, 1 август 2025 година).

Корисниците на дебитни картички ќе можат да располагаат со својата пензија веднаш, истиот ден – лесно, безбедно и удобно!

Пензијата можете да ја користите за безготовински плаќања во продавници и онлајн или да подигнете готовина од банкоматите на Комерцијална банка низ целата држава.

Пензионерите кои претпочитаат подигнување на пензијата во филијала можат тоа да го направат од 1 август (петок) и во секој работен ден после тоа.

Комерцијална банка ги охрабрува клиентите да користат картички и дигитални услуги, како побезбедна и поефикасна алтернатива, особено во деновите со поголем метеж.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде