Вчера во 12:45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, атар на село Лисец, тетовско,
патничко возило „мини морис“ со швајцарски национални ознаки, управувано од 57-годишната З.И. од Тетово, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни се здобила З.И., а со телесни повреди се здобила нејзината 27-годишна сопатничка Б.Р. од Тетово, констатирани во Ургентен центар при Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово, соопштија од полицијата.
