Голем пожар – неофицијално изгореа три куќи

Голем пожар ја зафати скопската населба Лисиче доцна синоќа, објави Инфомакс.

Пожарот се случил на адреса Ѓорѓе Андреевиќ во населбата, а започнал во една од бараките.

Според неофицијалните информации од очевидци две куќи се целосно изгорени, а една е делумно зафатена но гаснењето на пожарот е отежнато поради азбестните плочи кои се дел од кровната конструкција.

Пожарот неофицијално започнал од пикавец, а потоа молскавично се проширил на околните две бараки.

Според информациите на Инфомакс има и повредени лица од кои потешко повредено е повредено лицето во чиј дом започнал пожарот.

Повеќе детали очекуваме во текот на денешниот ден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде