Откако во јавноста осамна веста дека загинал бизнисменот Душко Чифлиганец, пријателите се простуваат од него на социјалните мрежи
Бизнисменот Душко Чифлиганец (32), почина во Чешка, откако во саботата (02.08) доживеал несреќа на мото-трка во Брно, Чешка.
Душко, наводно, се здобил со тешки повреди на главата, а лекарите иако се бореле, не успеале да му го спасат животот.
Од познатиот бизнисмен се простуваат пријателите и јавните личности.
Пораки со сочувство до семејството упатија Тамара Тодевска, Миро Кацаров, Игор Стефановски – Иџе, Миа Костова и други.
„Патувај со ангелите, златно дете“, напиша Миро и објави фотографија од нивните дружења.
