Гром повреди единаесет фудбалери на натпревар во Србија

Во текот на фудбалски меч, што се одржа доцна попладнево во Лозница (100 км западно од Белград), 11 играчи претрпеа полесни повреди како последица на удар од гром.

Според извештаите на српските медиуми, фудбалската средба се одиграла помеѓу екипите на Раднички од Клупци и Цер од Петковица.

Десет играчи од локалниот тим се со полесни повреди, додека еден играч на Цер е посериозно повреден и е задржан во болница.

Немилиот настан се случил кога над Клупци започнало силно невреме.

Сличен инцидент се случи во саботата во Чешка – во градот Опава гром удри за време на фудбалски тренинг на деца.

„Едно дете е хоспитализирано со тешки повреди додека други седум и еден возрасен се здобија со полесни повреди“, пренесува МИА.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде