Силен скок на цените на нафтата

Силен скок на цените на нафтата

Пo две недели пад, цените на нафтата силно пораснаа на светските пазари минатата недела, за повеќе од шест проценти,

поткрепени од постигнувањето трговски договори од страна на САД со некои од најважните трговски партнери, и ќе се покачеа уште повеќе доколку ОПЕК+ не ги зголеми своите производствени квоти.

Цената на барел на лондонскиот пазар скокна за 6 проценти минатата недела, на 69,67 долари, а на американскиот пазар за 6,3 проценти, на 67,33 долари.

Трговците со нафта беа фокусирани на потенцијалното влијание на американските тарифи поголемиот дел од неделата, при што повисоките тарифни стапки за американските трговски партнери главно треба да стапат на сила од следниот петок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде