УХМР објави мапа: Еве каде моментално има невреме во Македонија

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

УХМР објави дека моментално невреме има во кочанскиот регион…

,,Нестабилност на територијата на Македонија имаме во Кочанскиот регион , источно од Делчево , Солунска Глава и на Шар Планина. Нестабилноста е проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во Кочаскиот регион каде нестабилноста е најсилна можна е и наместа ретка појава на град.”, објави УХМР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде