Вчера (3 август) околу 13:00 часот, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на селото Тајмиште, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале четири возила, а еден мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди.
Како што информираат од СВР Охрид, во несреќата учествувале: мотоцикл со битолски регистарски ознаки управуван од 45-годишниот Д.Б. од селото Љубојно, ресенско, товарно возило „Фолксваген“ со тетовски таблици управувано од В.Ј. (38) од село Раковец, Боговиње,
патничко возило „Опел“ со германски национални ознаки управувано од Љ.С. (40) од село Пршовце, Теарце, патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски таблици управувано од Д.С. (39) од село Црешево, скопско.
Во незгодата, тешко повреден бил мотоциклистот Д.Б., чии повреди биле констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево, која работи на утврдување на причините за судирот.
