Силно невреме во делови од Македонија

Обилен дожд, град, ветер и грмотевици попладнево зафатија делови од Скопје и од други градови.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), централните, северозападните и североисточните делови на Македонија се зафатени од силна нестабилна облачна маса,

која е проследена со интензивни поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на град.

Оттаму додаваат дека нестабилна облачна маса има и во Прилепскиот Регион, измеѓу Прилеп и Росоман, Неготино, Демир Капија, Виница, Делчево, каде што има појава на пороен дожд, силни електрични празнење, засилен ветер и појава на град.

Според последните мерења на УХМР, температурите попладнево се движат од 11 Целзиусови степени на Попова Шапка до 33 степени во Демир Капија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде