Млад полицаец се ранил во апартман во Охрид

Млад полицаец од Виница се повредил и се ранил во рака додека „ракувал“ со службениот пиштол иако не бил на смена, соопшти МВР.

Инцидентот се случил во апартман во Охрид, а 22-годишниот полицаец се ранил во левата рака и е згрижен во болница.

Од МВР нема повеќе детали како полицаецот заедно со службеното оружје се нашол во стан во Охрид, дали бил на летување или бил ангажиран за време на празникот на охридскиот брег.

Единствено е соопштено дека тој „не бил работно ангажиран“.

Нема ниту податоци дали во апартманот бил со други колеги или со други луѓе кога го извадил пиштолот и се застрелал. Отворена е истрага.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде