Откриена точната причина за смртта на Чифлиганец по трагичната несреќа

Младиот Душко Чифлиганец им подлегнал на тешките повреди на мозокот 24 часа по хоспитализацијата во клиничката болница „Брно“ во Чешка, дознава Скопје Инфо.

– Чифлиганец починал од тешки повреди на мозокот, еден ден по неговата хоспитализација, објави порталот.

Вчера, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека на 2 август 2025 година до Амбасадата на Република Северна Македонија во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна незгода со мотор,

управуван од лицето Д.Ч., државјанин на Република Северна Македонија, кој во несреќата се здобил со сериозни повреди и бил пренесен во болница.

„На 3 август, од страна на семејството на лицето Д.Ч., Амбасадата била информирана дека тој им подлегнал на повредите“, се наведува во соопштението.

Од Министерството додаваат дека дипломатско-конзуларното претставништво во Прага е во постојана комуникација со семејството на починатиот, со цел завршување на сите формалности и организирање на преносот на телото во Република Северна Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде