Доаѓа нов влажен бран – УХМР со најнова временска прогноза

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне, претежно во северните делови, ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Потоа следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде