Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од утре (четврток 7 август) па се до следниот петок (15 август) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и топло со појава на мала локална облачност.
Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период исто така ќе имаме стабилно, суво, сончево и топло време со појава на мала локална облачност.
Повремено ќе засилува ветер претежно од источен и од североисточен правец.
Поради влијанието на споменатата топла воздушна маса од југ, односно од Африка, температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст, најавува метеорологот Славчо Попоски.
Како што објави тој за Метео Аларм, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, во Скопје и околината максималната температура на воздухот ќе се искачува до околу 36/37 степени.
