Безживотното тело на нуркач попладнево пронајдено во Охридското Езеро

Во близина на село Трпејца, попладнево било пронајдено телото на удавениот нуркач од Бугарија, кој претходно денеска беше пријавено дека исчезнал на поголема длабочина во водите на Охридското Езеро.

Веста за Супер радио и OhridPress ја потврдија од СВР Охрид.

Според првичната информација од СВР Охрид, на 9-ти август 2025 година, во 13:15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека 52-годишниот И.Т. од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца.

– Мерките за негово пронаоѓање ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“, информираат од СВР Охрид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде