ТРАГЕДИЈА: Жена од Македонија почина на плажа во Црна Гора

Црногорските медиуми објавија дека 80-годишна жена од Македонија, со иницијали С.Г. од битолско, починала на плажа на Свети Стефан.

Несреќата се случила додека таа пливала во плиткиот дел од морето.

Според информациите, и се слошило, по што следеле обиди за реанимација, но тие биле безуспешни.

Жената во Црна Гора престојувала со своето семејство.

Според познатите информации, повеќе години имала проблеми со срцето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде