Разорен земјотрес во Турција – има урнати згради, се трага по исчезнати

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени го погоди градот Синдирги во западната покраина Баликешир вечерва, според Турската агенција за управување со катастрофи (AFAD).

Земјотресот, кој се случи во 19:53 часо, беше почувствуван во многу градови на западот од земјата, вклучувајќи ги Истанбул и Измир, според властите кои сè уште не објавија дали има жртви.

„Сите екипи на AFAD и нашите надлежни институции веднаш започнаа со пребарување. Досега не се пријавени никакви несакани настани“, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на платформата X.

Околу десетина згради се урнаа во Синдиргија, епицентарот на земјотресот, објави градоначалникот Серкан Сак на турскиот приватен канал НТВ.

„Шест лица живееја во трикатна зграда што се урна. Четворица беа спасени од урнатините“, рече тој, додавајќи дека се работи на извлекување на преостанатите две лица.

„Зградите и џамиите се уништени, но немаме загуба на животи“, додаде тој за ситуацијата во неговиот град.

Според AFAD, по главниот земјотрес се случиле седум последователни потреси со јачина од 3,5 до 4,6 степени.

Во земјотресот со јачина од 5,8 степени на почетокот на јуни во југозападна Турција, едно лице загина, а шеесет и девет беа повредени.

Турција е пресечена од неколку раседи кои досега предизвикале големи несреќи.

Југоистокот на таа земја беше погоден од силен земјотрес во февруари 2023 година, кога загинаа 53.000 луѓе, а Антакија – античкиот град Антиохија – беше уништен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде