УХМР утрово со најнова вест: Еве какво време не очекува оваа недела

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде