Тешка сообраќајна несреќа, 13-годишно момче пренесено во болница

Вчера во 21:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Љубица Богеска“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки,

управувано од А.З.(49) од Кичево и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде